• недела, 28 јули 2024

Обновлива енергија и начини на ефикасно користење на енергијата, кавадаречки екологисти на едукативна размена во Романија 

Обновлива енергија и начини на ефикасно користење на енергијата, кавадаречки екологисти на едукативна размена во Романија 
Кавадарци, 13 март 2023 (МИА) - Обновлива енергија и начини на ефикасно користење на енергијата, ова е темата на која се едуцираа кавадаречки екологисти на едукативна размена во Романија, информираа попладнево од регионалниот еколошки центар „Еко - живот“, членка на Движењето на екологисти на Македонија. 
 
- Претставници на НВО „Еко - живот“ Кавадарци, беа дел од едукативната размената „Energy free for better environment“ во Романија, што се одржа во Универзитетот за Политехника во Букурешт, како дел од активностите на Еразмус+ проектот за возрасни, „Renewable energy sources for safe future“.  Тие се стекнаа со многу вештини и знаења за практиките во Букурешт на обновлива енергија и начини на ефикасно користење на енергијата, што ќе ги пренесуваат на другите од тимот на „Еко - живот и пошироко“, соопштија од еколошкото друштво. 
 
Оттаму додадоа дека истовремено, благодарение на успешната соработка со земјоделско шумарското училиште „Ѓорче Петров“, шест ученици во придружба на двајца професори, учествуваа во меѓународен проект од програмата Еразмус +,  во Истанбул, Турција. Проектот носи наслов "Trees on. Deforеstation gone".
 
- Како да се справиме со обесшумувањето, секоја од државите учеснички со свое искуство. Покрај учениците од СОЗШУ „Ѓорче Петров“ коишто ја претставуваа Македонија, учествуваа и млади од Турција, Бугарија, Грција,Чешка, Германија, Литванија и Романија, појаснија кавадаречките екологисти. свд/аа/
 

Фото: „Еко - живот“, Лабораторија за испитување на воздух 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан