• недела, 01 септември 2024

Обновено спортско игралиште во Општина Аеродром

Обновено спортско игралиште во Општина Аеродром
Скопје, 10 август 2021 (МИА) - Општина Аеродром соопшти дека е извршена целосна реконструкција на спортското игралиште што се наоѓа на булеварот „Јане Сандански“ во непосредна близина на кулите Џевахир. -Кошаркарското игралиште доби нова ергономска подлога, која покрај естетскиот изглед, им нуди и безбедно спортување и тренинзи како на професионалните спортисти, дечињата, така и на сите љубителите на спортот, воопшто, информираат од општината. Соопштуваат дека дополнително се обновени и кошевите, како и дека има рефлектори за негово користење во вечерните часови. -Вложуваме во висококвалитетни и современи услови за спорт и рекреација на жителите. Игралиштата на отворено се особено важни за нашите граѓани, кои покажуваат голем интерес за нивно користење. Спортот е еден од најважните фактори на нашето општество, а Аеродром гордо го носи епитетот – спортска општина, вели во пишана изјава градоначалникот Златко Марин. Во соопштението се наведува дека општина Аеродром и во наредниот период ќе продолжи со реконструкција на спортските и детските игралишта.свс/лв/

Остани поврзан