• сабота, 23 ноември 2024

Обновено движењето на автомобили и автобуси по некои коловозни ленти на мостот на Крим

Обновено движењето на автомобили и автобуси по некои коловозни ленти на мостот на Крим
Москва, 8 октомври 2022 (МИА) - Руското Министерство за транспорт соопшти дека веќе е укинато ограничувањето за движење на автомобили и автобуси по коловозните ленти на мостот на Крим кои не беа погодени од експлозијата рано утринава. Во соопштението се наведува дека сообраќајот засега ќе биде ограничен само на преминување на делот меѓу Крим и полуостровот Таман. Гувернерот на Крим Сергеј Аксјонов на социјалните мрежи изјави дека тешките товарни возила ќе поминуваат со траекти. Експлозијата урна два сегменти од една од двете коловозни ленти и предизвика голем пожар на железничкиот дел од објектот. Според првичните податоци има тројца загинати. Првично сообраќајот на мостот беше целосно запрен, но до 16 часот по локално време повторно беше отворен за автомобили и автобуси. Се очекува возовите да продолжат вечерва. паг/    

Остани поврзан