• недела, 28 јули 2024

Обновени тоалетите во основното училиште во Миравци

Обновени тоалетите во основното училиште во Миравци
Гевгелија, 28 септември 2021 (МИА) - Инвестициските зафати за обнова на санитарната и комуналната инфраструктура во Oсновното училиште „Климент Охридски“ во Миравци, кои се реализираа со сопствени средства завршија со уредување на тоалетите на горниот кат, потврдија денеска од училиштето. -Тоалетите на горниот кат се обложени со нови плочки затоа што претходно беше санирана и одводната канализациска мрежа која предизвикуваше проблеми со создавање влага од излевање на водата.Со нова санитарна опрема се уредени и тоалетите на првиот кат, велат од училиштето. На приземјето од источната страна на училиштето е изграден и тоалет за лицата со попреченост со што училиштето ги надмина бариерите за лицата со посебни потреби и ги исполни неопходните услови за инклузивно образование. Во наредниот период се очекува да почне и реконструкцијата на покривот на источното крило од училиштето за што во тек е тендерската постапка што ја распиша Министерството за образование и наука, како и повторената тендерска постапка за реконструкција на покривот на подрачното училиште во Милетково. им/мд/

Остани поврзан