• сабота, 16 ноември 2024

Обновена бојата на 110 такси станици на улиците и булеварите во градските општини

Обновена бојата на 110 такси станици на улиците и булеварите во градските општини
Скопје, 17 мај 2022 (МИА) - Јавното претпријатие Улици и патишта – Скопје соопшти дека нивни екипи на по налог на Град Скопје изминатиов период интензивно работеле на обнова на избледената хоризонтална сигнализација на такси станиците на градските сообраќајници. Такси станиците се обележани во рамките на пролетната работна акција, а паралелно се работеа и на останатите градски улици. Од 162 такси станици досега е обновена хоризонталната сигнализација на 110 такси станици кои располагаат со вкупен капацитет на 590 такси места. Во општина Карпош обележани се 17 такси станици со 114 места, во Центар 24 такси станици со 162 места, во Аеродром 11 такси станици со 62 места, Гази Баба се обележани девет такси станици со 46 места, во Кисела Вода 12 такси станици со 88 места, Бутел пет такси станици со 27 места, во Чаир 12 такси станици со 59 места и во Шуто Оризари четири такси станици со капацитет на 16 такси места. Во рамките на пролетната акција која неделава е во тек во општина Ѓорче Петров обележани се три такси станици со капацитет на 16 такси места. Во текот на наредните денови со почетокот на екипите продолжуваат со ноќното обележување на такси станиците и на останатите градски сообраќајници, каде е потребна обновата на хоризонталната сигнализација, информираат од ЈП Улици и патишта - Скопје. рп/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан