• сабота, 23 ноември 2024

Облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Скопје, 9 јуни 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје,  променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за развој на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 28 степени. Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата во следните денови нема значително да се менува.

Остани поврзан