• среда, 27 ноември 2024

Облачно со врнежи од дожд, повремено поројни проследени со засилен ветер

Облачно со врнежи од дожд, повремено поројни проследени со засилен ветер
Скопје, 10 јануари 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, особено во северните и северозападните делови каде се очекува да наврнат над 30 л/м2. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од нула до 7, а дневната од 5 до 13 степени. Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.  Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 6 степени. И во понеделник времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во северните и северозападните делови на места поројни, проследени со засилен ветер. Поради продор на постудена воздушна маса од север од вторник се очекува ново заладување со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места врнежи од дожд и снег.

Остани поврзан