• недела, 28 јули 2024

Претпладне студено, преку ден сончево

Претпладне студено, преку ден сончево

Скопје, 17 декември 2023 (МИА) - Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.

Во Скопје, наутро ќе биде променливо облачно, а преку ден сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.

За следните денови, синоптичарите најавуваат стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла. бд/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан