• четврток, 26 декември 2024

Облачно и посвежо со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови

Облачно и посвежо со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови
Скопје, 2 ноември 2021 (МИА) - Времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови (над 20 л/м2) и проследени со засилен јужен ветер особено во Повардарието. Во попладневните часови врнежите постепено ќе престануваат. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд и засилување на ветерот. Попладне врнежите ќе завршат. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла и со умерен, на места засилен ветер претежно од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст.

Остани поврзан