• сабота, 27 јули 2024

Облачно со умерен ветер, вечер снег на планините и пониските места

Облачно со умерен ветер, вечер снег на планините и пониските места
Скопје, 18 март 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде умерено, повремено значително облачно. Преку денот на планините и понекаде на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен северозападен ветер. Од вечерните часови од југ ќе се прошират врнежи кои ќе бидат од снег на планините и на повисоките места, а во планинските региони снег ќе провејува понекаде и на пониските. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 11 степени. Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и претежно на планините повремено ќе провејува снег. Преку ноќта од југозапад ќе се прошират врнежи кои понекаде и на пониските места ќе бидат од снег. Утринските температури до утре во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата, а потоа малку ќе се зголемат. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег, ќе почне во сабота.

Остани поврзан