• недела, 24 ноември 2024

Обичниот сапун полезен за осум вообичаени активности околу домот

Обичниот сапун полезен за осум вообичаени активности околу домот

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Иако местото му е во бањата, сапунот не мора да се користи само за лична хигиена. Има и поширока примена во куќата и домаќинството. Следат осум примери за користење на обичниот тврд сапун со што се користи енергија, време и пари.

1. Спречува замаглување на огледалата и очилата

На чисто и целосно суво огледало, се втрива сапун преку стаклото. Не се додава вода, а трагите се отстрануваат со сува крпа. Следното туширање, нема да има замаглување. Ова важи и за очилата, и за вид и за сончање.

2. За полесно склопување на мебелот

Без оглед дали стручно или лаички се работи на полици за книги, навртувањето завртки во дрво може да биде тешко. И тоа се олеснува со премачкување на колчето на завртката со малку сапун.

3. Сапунот ги штити растенијата

За тоа, се закачува парче сапун на гранка, или пак, грубо се втрива во почвата, со помош на мрежа или стара крпа за да се одвратат штетниците.

4. Полесно шиење

Сапунот тука служи за да се обележат рабовите и линиите на шевовите. А пак, со ставање на иглата во сапунот, таа уште полесно ќе се лизгаат низ ткаенината.

5. Како домашно средство за перење

Сапунот е суштинска состојка на домашното средство за перење. Се додава малку сода за перење, боракс и сода-бикарбона. Ова значи и заштеда на пари.

6. Сапунот го олеснува чистењето на металните садови за готвење

Пред да се стави алуминиумското тавче на камперски оган на отворено, истријте го дното со влажен тврд сапун за полесно чистење на саѓите.

7. Заштитете го дрвениот мебел од домашни миленици

Ако во домот има куче кое џвака мебел, советот гласи - премачкајте ги ногалките и дрвените рабови на мебелот, со парче сапун за да се спречи оштетување.

8. Го отстранува чкрипењето

Сапунот е полезен и за шарките на вратите и шкафчињата кои чкрипат. Само треба да се втрие суво парче сапун кај местото што го испуша непријатниот звук. Тоа нанесување можеби ќе треба да се повторува, по потреба.  си/ссм/

Фото: Пиксабеј

Остани поврзан