• вторник, 24 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
5 февруари 2020 (МИА) Народна филозофија Гатанки од Егејска Македонија Балтија Бесна кучка уф дол лае. (с. Мачуково, Долновардарско). Баница Дрепава Ѓупка пред цар излегве. (с. Мачуково, Долновардарско). Баџа Кусо мече на ана клечише. (с. Куфалово, солунско) Боски на крава. Имам четири стомнички, на надоло висат. (с. Мачуково, Долновардарско). Бостан Рамно поле, на полето – ремене и до нихка тумбички.(Гевгелиско) Трчах, трчасх, најдех п’лн вир со шарени прасциња (Гевгелиско) Бочва. Една жена со четиријси појаса. (с. Плевне, Драмско). Една невеста со дванајсе џоници опасана. (с. Бобишта, Костурско) Имам една бабичка со дванајсет појаси опашана. (с. Мачуково, Долновардарско). Брадва Бесна кучка по гора лај. (с. Плевна, Драмско). Брич Сијно галп’че около тумба се врте. (с. Мачуково, Долновардарско). Сив голуб по тумба лете. (Костурско) Сив г’л’б около тумба се врти. (с. Градобор, Солунско) Сив сокол на тумба пасе. (с. Плевна, Драмско) Силен сокол по тумба лете. (Кукуш) Бубаќ Висело, висело, дур побелело. Ветер Муто теле, врата тиска.(с. Грубевци, Ениџевардарско) Силен бик на поле рика. (Кукуш) Вител Имам една палн’на – утт’де снег, удавде град, уф стреди штичка (с. Мачуково, Долновардарско_) Вода Д’лга Енка бис сенка. (с. Мачуково, Долновардарско). Воденица Слеп смок свири, багра игра, бела пена фрга (с. Бобишта, Костурско) Врата (двојна) Две сестри сас един појас припасани. (с. Плевна Драмско) Време Бис снага и бис крила од него побрзо нема. (с. Плевна Драмско) Вртешка Имам четири сестри, се се трчкат, не можат да са фтасат. (с. Мачуково, Долновардарско). Вршник и подница Дедо се чекоре, баба се топоре. (Кукуш) Габа Една црква на еден потпор. (с. Бобишта, Костурско) Имам една црква на един дирек стое. (с. Мачуково, Долновардарско). Черква сос един ст’лп. (с, Олевна, Драмско) Глава со целото лице. Честа гора, до гора – рамно поле, до поле - два плета, до плетовето - зрнцала, до зрнцала – шмркало, до шмркало – зејало, до зејало – чукалче. (Кукуш) Честа гора со мечки п’лна, под гората тумба, под тумбата – два плета, под плетишча – два извора, под извори – две чешми, под чешмите корија, под коријата воденица, под воденицата – кочанче. (Кукуш) Грлица Куса Манолица на сива вјава. (с. Бобишта, Костурско) Грозд, грозје Русо мече на чекорче клече. (Кукуш) Товарен к’нтар пителки. (Костурско) Од книгата „Народната култура на Егејска Македонија“, од Кирил Пенушлиски, Скопје 2005. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан