• сабота, 23 ноември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
19 март 2020 (МИА) Народна филозофија Македонски народни пословици Откако ќе се скрши колата, триста џадиња прај не оди. От уши в’уши цару в’ уши. От црвец масло и од него (тоа). От којн на магаре. От магаре (или от круша) падвит ч(о)ек пак починвит. От ноф туџар и от стар питач Господ да те чуват. От лепешка зелник и от него... От луд и от пијан учиш најстината. От таксајне куќа не се расипвит. От такво бачило таква мас. От таксајне до дајне многу имат. От трн са рожге китката, и от китката трн. От трн ѓул. – От трн трендафил. От трн - на глок, (т. е. од лошо полошо.) От умот си пати. От челад помило нема. Очи од гледање не се наситуат. Очите му истекоа. (Кога некој гледа многу). Ошто ми е болна жената, печена кокoшка изедуат. Падна снего, се покри трагата. Падни стани оди. (На пијан човек). Пази Боже не от Турчин, а от потурнак. Пази Боже, слепо да прогледа. Пази Боже од крстен ѓаол. Пали му свеќа и на ѓаолот да не ти праит пакос. Пануклата кога биеше, помалку луѓе имаше. Парата е Јуда. Парата е многу мила. Парата железни врати отвора и затвора. Парата и нем да е чоек, ќе го прозборуат. Парата си оди како вода. Пари аро мажат. Пари давам, оро играм. Пари давам, свирка свирам. Пари, пари, пак пари, пари татко, пари мајка. (Турска) Парите го праат чоека да е јунак, тавминџија и знаен. (Во старо време имало еден касап во Стамбол, што продаал месо без кантар; кој колку да сака, толку му сечел и не го тргал. Секој ќе го претргал, и секому токму му излегуало. Се прочу касапот со тоа нешто дури до царо. Коа разбрал тоа нешто царо, се зачудил и сторил ниет да појди кај касапо, да види сам со очите свој. Пошол кај касапо и му посакал да му даит ока и стодрам месо. Му пресекол каспо и без да го трга, му го дал. Го претргал царо и кога виде, токмо ока и стодрам излегло. Уште два пати купил, се токмо му излегло. Ит’р бидејќи царо, му текнало одошто бил касапо толку тавминџија и го викнал при себе на сарај, та му посакал илјада алт’ни на заем, за некој месец и на месецо ќе му и даел сосе мемеле. Виде не виде касапо, изваде ќемеро и му даде илјада алт’ни на царо – али сите толку му беа. Си отиде на дуќан и го изгубил тавминџил’ко. Секому што му дал месо, ја поеќе, ја помалку и никому токмо не му дал. Отишол и царо тебдил и тој купил и, коа го претргал, поеќе му излегло. Тогај рекол царо: - Парата го праит чоека да е јунак, знаен и тавминџија. На месецо го викнал и му дал алт’ните на касапо. Едно и клал во ќемеро и го опашал на голата полојна, почнал да сечи месо токмо, како напред што сечеше.) Парите се и од топо посилни. Парите сет јудино железо. Парица – царица. Пат со одење, борч со плаќање. Педа чоек – лакот брада. Пепељаво жарче рана отвора. Пес вера немат. Песна и пара сајбија нема. Песна пеит гора се лелеит. Песна сајбија нема. Пепел гледала, пипер макала. Пес од касапница мачно се одучуват. Пес со пес не се дават. – Пес кучка не давит. Петел јајца не носит. Петина не чекаат тетина. Пет пари капа, десет пари крчма. Пет пари не дат. (Не му е страв) Пизмела мома оро, та се ом’жила за гајдаџија (т’панџија). Пијана глава Бог да не дава. Пијан како ќутук. Пијанство губи царство. Пијанството е од чумата полошо. Пилците во зиме на огон не се греат, а пак не смрзнуваат. Пилците ни ораат, ни копаат, ами пак се ранат. Пилците се познават по пеењето, а луѓето по зборуањето. Питомо јагне на две мајки цицат. Плати па клати. Плачит гора за мајстора, а куќа за куќница. Плашам ти децата. (Ме заплашува). Плот гнијат, (а) борч не гнијат. Плуаното не се лиже. Плукни си пазува. П’ни ти очи, празни ти раце. Поарно е без пари, одошчо без ум (без чест). Поарно е да си в селото прв, отколку ф градо ѕаден. Поарно е да ти завидат, отколку да те жалат. Поарно е да умреш на синово бунишче, отколку на зетово огнишче. Поарно драм ум, отколку сто ока стока. Поарно е да имаш итер душманин, а не улав пријател. Поарно е да се слизниш со нога одошто со збор. Поарно е да имаш едно врапче в рака, одошто сто да летаат. Поарно је бадијава да работиш, отколи бадијава да седиш. Поарно очите да му излезат на човека отколку лошо име. Поарно со умен да плачиш, одошто со улав да се смеиш. Поарно твое јајце, одошто туѓо коковче. Поарно чесна сиромаштија, одошто бесчесно богатство. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан