• сабота, 23 ноември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
29 март 2020 (МИА)  Легенди и кажувања Легенди и кажувања oд Долна Преспа Трите појаси народ 1. Најпобарѓе (најпрвин) живел ен појас народ, кој биле многу висоќи луѓе и тие са колнеја: „Жими да не панам“, ути аку панеја ќе с’опереја. 2. По тој појас, са јави друѓио појас народ, шо људите биле толку нисќи шо можеше да ’и поплати (покрие) грутка земја во орањето. 3. А није сме третијо појас народ што сме поубај, средни, ни висоќи мнолгу, ни нисќи и са колниме: „Жими фамелијата“. А по нас не знам какоф народ ќе дој. Зашто нема ред во умирањето Велат дека ’и викнал Бог сите на ена вечера. Бог са подзабајл. Дур шо ошол Тој, људите биле одени. Тије биле седнати на трпезата заено со негојте мали (деца). Биле измешани и мали и големи. Ко дошол Бог станале сите на ноѕи да му пуште место да сени во глата (на чело). - Не, му рече Бог- ја си мислеф ќа ма почекате и ќе сениме по ред на трпезата, от постаријо до помалијо. Е, нато (бидејќи) шо не сакате, така и во умирачката ќе нема ред. Ќе умире људите мешано, и стари и млади. Камено к' са полошо од змија Си било сенато ено дете на ен камен. Под камено завиена седела ена змија. Змијата одоздола му вели на камено: - Те молам камену, подмрни са тручка (троа) да излезам и да го к’снам детето кош’ е седнато. - Не, - му рече камено – остај го, јас ќе го к’снам со полека, а не ко тебе наенош. Зошто пукна пчејнцата преку среде Се сретнале некогаш на п’то пчејнцата и просото. Пчејнцата одеше на гумно да са оврши, а пак просото одеше на нива да са посе. - Еј, штукај (слушај) – му рече просото на пчејнцата – не ми го фатфај гумното ути јас ќе са вршам. - Каку зборваш така? – му вели пчејнцата. – Ти ојш да са сеш, а јас да са вршам. - Штукај што ти велам јаска! – му рече просото. Тогај пчејнцата од м’ка шо му дојде от то шо пукна од просото, пукна преку среде. Ко песо со коската Ено куче си нашло ена коска. Со коската в уста врви на ена греда клаена на ена река. Од гредата си ја вишол својата сенка во водата, куче со коска в уста. Са полакоми, а пушти својата коска од устата и са фрли по та на другото куче. Тогаш виде дека остана и без негвата. Нивата стопан нема Ошол Стојан в нива. ’А пули, ’а мери по сите стрни и му вели: „Е мори ниво, јаска са сега твојо стопан!“ Нивата прогорила и му вели: „Не Стојане, не си ти мојо стопан, туку јас твојо. Колку стопани ма работеле и колку друѓи ќе ма работе. Јас останвам секој п’т стопан.“ Си ја има мувата на капата Му са украдило на некого, сеното трева. Тој собрал окулу себе неколкумина и му вели: „Штукајте, мене ми са краде тревата и јаска зн’м кој ми ја укради, ама сакам сам да ми кажи тој што ја укарди. Тој шо ја укради тревата ’а има мувата на капата.“ Тогај арамијата а клашол р’ката на капата. - Ела ми тука, ти си бил арамијата? – му рекол домаќино. Гуната Си биле некогаш два п’тници. Еднијо имаше облечено гуна, а друѓијо немаше. Куш (како што) одеја по п’то заврна. Тој со гуната му ’а дава на друѓијо да ја облечи, ути бил поеќе облечен. И така го спаси овега од дождо. Арно ама, колку п’ти ќе го стретнел, ќе му речел: „Ама побратиме, аку не ти ја даеф гуната тогаш, ќул (воден) ќе са стореше.“ - Така, побратиме, - му одговарваше друѓијо. Ама овај со гуната, се ка да го најдеше, ќе му споменеше за доброто со гуната. И така енош ко врвеја крај река, тој пофторно му спомена за гуната, и на овега му се см’чи, слезе од коно, скокна в река и са строреи лилјак (жива вода). - Е побратиме, ќе ма додеваш уште за гуната? Појќе от толку ќе са исќиснеф тогаш? Му капна капка крв Ен чојак си ошол на гости при некој пријател. Са поздравиле со домашните, попрајле тро муабет и ете дојде време за ручек. Арно ама, овој домаќино си имал ено дете. И ово детето си играло крз дома со ено другарче от малата. Кога домаќинката му кладе ручок на гостино му даде да јај и на нејзиното дете. Другарчето на син му се пулеше к’ј шо јадеја леб и си молчеше. Капни му та р’ка на домаќоинката , не му даде на детето ен к’шеј леб. Гостино са зачуди. Му беше греф за детето ама и му беше страф од домаќино да му дај на детето. Тога виде шо от носи на дето му капна капка крв. Зеде едно кориче леб и му ја обриса крвта, а коричето леб си го зеде во џебпо. Поминале години и детето порасте. овој пријаѕтело го држел коричето и му го дојсе на детето. - На, - му вели- изеди го оти тука е к’смето твој. Детето го изело и оттогај му почлна за ерлиси (аирлија) и станало богато. И така от тога е останат зборо: „Му капна капка крв.“ Од книгата „Поезија и проза од мојот крај (Долна Преспа, Р. Албанија)“ од Крисанта Јанкула, Скопје 2009. (Подготви Марко Китевски)  

Остани поврзан