• сабота, 23 ноември 2024

Обичаи и верувања - 22 февруари

Обичаи и верувања - 22 февруари
22 февруари 2020 (МИА) Народна филозофија Македонски народни пословици и поговорки Без алат нема занат. Без време нишчо не зрее. Без здравје немат богатство. Без жена, без куќа. Без мака нема наука,. Без пот нема бериќет. Без пушка ајдук. Бела книга црно писмо. Бели пари за црни дни. Белото црно не бидуа. Беља чоек пари да има, беља да нема. Бесен газ, крвав носи. Би лага доби, скака скакулец доскака. Било што било, сојкино крило, сојката летна, мачката клепна. Бистра водица, мирна главица. Блага реч железна врата отворат. Богатство немат наситство. Бог да ве чува од оган, од вода и од лоша жена. Бог да те чуа од домашен арамија. Бог да те чуа од гнил мос и од прдлив гос. Бодни прачка пиј вино. Бозаџија за алваџија. Боле го заб та криве. Болен здрав носит. Болеста (или злото) да би било добро и в градина би го садиле. Болеста иди у чоека со оки, а бега со драмои. Болеста лесно доаѓа, а лесно не си оди. Болна жена, болна и куќата. Борџот ет полош и от волкот. Брат брата не ранит (ама) тешко (му) кој го немат. Брат за брат, сирење со пари. Брза кучка слепи кучиња раѓат. Брза помош – двојна помош. Брз коњ се стигнува, а брза лакрдија не може. Будалата немат рогој. Будали дале итри јале. Валени јаготки празни кошници. Вали ме усто оти ќе те раскинам. Варди се од злото, дури не ти дошло. Варди се од крава оцпреди, а од м’ска одѕади. В битка куршум не се дава на заем. Веков е колце, се вртит. Веков е скала: едни луѓе се качуваат, а друзи слегуваат. Велигден е еднаш в годината. Верата планиње преместуа. Верен измеќар цел стопан. Вересија потресија, дај со раце барај со нозе. Ветар дупка не полнит. Весело срце кадела преде. Ветво крпи конци губи и старо љуби ден загуби. Видела жабата дека биволо го коват и сама дигнала ногата. Види го прво дрвото па после седни под него. Види ми главата, крој му капата. Види му го умот, суди му за дома. Види му го умот, та земи му го кројот. Викај по волкот дури не влегол во булукот. Викни го волкот да ти варди булукот. Вино виновато, вино голо, продаде ми воло, на менека едиње, на брата ми двата, на татко ми колата, на мајка ми фурката, на сестра ми приќата. Вино носи вода пиј. Виното го праи чоека, едни пати везир, а едни пати резил. Виното како што стои в бочва, не стои во чоека. Винското грне се држи со едната рака, а пушката со двете. Високите планиње си носат своите тежиње. Високото дрво и чафките го серат. Високо дрво плод нема. Виското орел лета, затоа далеку гледа. Вистината боцкат. Вистината е како пипер в очи. Во која кашча мачка нема, глувците оро водат. Влегол во ќелеш тефтер. Внуче е помило од дете. Вода газе жеден оде. Водата и огнот се добри слуги, ама лоши господари. Водата се мијат, само устата не можит да ја измијат. Водата се може да измие, само лошио јазик не може. Водата се носит, само страмотата не ја однесвит. Водата спие, душмано не спие. Водата стои, он не стои. Водат го како млада невеста. Воденица неклепана и жена не тепана не работи. Волко на пазар не оди. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан