• среда, 27 ноември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
12 април 2021 (МИА)  Нaродна медицина  Баења Баењата претставуваат народна медицина во која лек е зборот. Но освен поетските текстови при изведувањето на баењата се изведуваат и одредени обредни дејствија со разни предмети, како што се јаглења, сол, секира, срп, коса итн. Целта на баењата е да се отстрани некој штета, а посебно болест. Поради тоа тие имаат многу поширок спектар на примена од вистинската медицина. Зашто тие не само што лекуваат болести туку и други дејности како љубов, богатство и сл. Впрочем нема проблем во животот кој не можел да се реши со баење. Затоа тие се важен сегмент од народната култура. Баење од треска и други болести Ти грознице! Ти падавице! И ти секаква болесту, да си одиш от коде што си дошла; како што не не зноеме от каде си дошла, така да те не зноеме и коде ќе си поеш. От коде да си дошла: От вода, от ветор, от око, или от завист, да си одиш да те не видиме; со ден си дошла, во зла доба да си одиш, те терат жена дородена. Како шчо бегат Турчин от свиншчија, така ти да бегаш од хрисаншчија. Колку стоит слана спроти с’лнце, колку соит ветор на рид, толку ти да имаш место на овоја снага. От Бога целба, от овие работи здравје. За од надвор кој припаѓат Болесту, болесту! Оди си от коде шо си дошла; овде немат место за тебе, овде идет силен ангел и страшен в’лк: ангелот ќе те пресечет, в’лкот ќа те изеет. Нa уроци Арачишта, барачишта, да му пукнит две очишча, кој те тебе убарагил. Баење на цицки Родила леска до девет лешници, од девер осум, от осум седум, от седум шест, от шест пет, от пет четири, от четири три, от три две, от две едно, от едно ниедно. Баење за уроци Мрваците мислат дека има луѓе со лоши очи, кои кога ќе погледнат на нешто убаво, било да е тоа да е човек или животно, и да го пофалат или во себе нешто му посакаат, тоа се урочува, т.е. се поболува и ако не му се бае, умира. Катја Божикова од Крчово ми кажа дека за уроци се бае вака: земаат јајце во раката и велат: Ако е от чолак, ако е от црни очи, да излезе прос прсте, да излезе прос нохте, да се размие, да се размине, да му олекне да оздравее, да се избисри като бисра вода, да се исчисти като бисро сребро. Ако е от в’нкашно, да се разнесе по пусти гори, по пусти планини, к’де људе нема, к’де пиле нема – там да са разносе, да му улекне, да са очисти, да стане като чисто сребро. Кога ќе заврши баењето ќе го однесат на некоја раскрсница и тамо ќе го остават. Баење за церма Цермата е болест што се јавува по рацете и нозете и на болниот му се чини дека го боцкаат со игли. Може да е ревматизам. Цермата се лекува кога гине месечината, т.е. на последната четвртина на следниов начин: земаат три листови од капина и со првиот лист го допираат местото на болеста, така што боцките да ја допираат или закачуваат кожата на болниот. Цермо ермо! Гиди проклета уруспија! Што с’ си разбучала, разбучала, разехтала, като цер по свинките, като бик по кравите, като пастух по кобилите, като в’лк по кучките, като которок по котките, като пител по кокошките, като мишок по мишките. Ела земи тузи листо капин’, та иди у Деспатската планина, к’де сл’нце не изгрјава; ела земи тузи листо капин’ та иди на Смијнишката планина, к’де вјат’р ни дунова; ела зими тузи листо капин’, та иди на Пирин планина, к’де са ништо ни сврта. Потоа истото го прават и со другите два листа, кои ги ставаат под камен под стреата на некоја куќа. Јадат и „цермово билје“ чертириесет утрини. (Подготви Марко Китевски) 

Остани поврзан