• сабота, 23 ноември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
22 јуни 2020 (МИА) Народна филозофија Македонски народни заклетви Аир да не видам од челатта. (Така ги уверува стројникот родителите на девојката дека ќе ја омажи на убаво место.) Ако имам една пара, кај што оди парата и ја да идам. (Т.е. верувај дека немам пари.) Ако имам една пара ќар, како парата да станам, има ќесатл’к сега, та затова само и само пари да земам. Ако сум фанал со раци, раците да ми се исушат; и: Ако сум фанал со раци, раците да ми се фанат. (Така се заколнува некој што е наклеветен за кражба.) Ако бидеме здрави и живи, ќе идеме и в година на манастир. (Така се заречуваат домашните, кога некој ќе оздрави.) Ако ти дојдам уште еднаш, ногата да ми се скрши. Ако ми стане детево, со еден овен ќе идеме на Свети Јован Ветерсќи. Ако ми стане Трајко, на Света Недела една свеќа ќе запалам. Ако родам машко, на Свети Илија ќе донесам в година еден петел. Ако се куртулисам од таа беља, в година ќе донесам на Свети Аранѓел едно теле. Бок ти душа. (Така го заколнуваат некој човек да потврди дека некој зел од некого пари.) Бок ти душа, врак ти душа. (Заколнување на шега). Бок ти душа, право да ми кажеш што ти рече оној. Вака да се стори кој лаже. (При зборот „вака“ се свиткува показалецот на десната рака како кука.) Велигден да не го дочекам, ако ти мислам некое зло. Греот нека је на нивна душа. Грчманот да ми се затвори, ако ти затворам уш еден пат. Да пукне зло пот камен. Да ме обесат за греда, една пара немам. (На дете што од мајка си бара пари). Да ми испрснат очите, ако су видела. Да не идам здрав и жив до дома. (На некој што клевети некого за нешто). Да умрам до вечера, ако не сум му кажал, што ми рековте. Две очи имам, да ги немам. (На човек кој не верува никого.) До утре да не ме осамне, ако те лажам. (На некој кој покажува и дека верува и не.) Да бидеме здрави и живи, на чивлик ќе идеме и ќе ве одведеме и вам. Да оздравее Јованче, на Свети Димитрија сто драм зејтин ќе однесам, да ги палат кандилата. Да ми истечат обете очи, ако те лажам. Да ми пукнат обете очи, ако те лажам. Да нема ѓаволо очи. (Кога бара некоја жена од друга нешто, и таа не сака да и даде ќе се заколне: „Очи да немам ако да не ти даам“, а првата кога знае дека има, а не дава ќе и кажи: „Да нема ѓаоло очи.“) Да ослепам ако лажам. (Женска клетва). Едно дете го имам, да не се нарадујам на него. (На некој што не верува). Жити челат, кажи ми така ли беше, или не беше така. Жити челат, ова добро го сакам од тебе. Жими едно пиле што го имам, ќе ти платам. Жими здравје, очите не сум му ѓи видел, а не па да су го задевал. Жими здравје сермија ми е повечку, крста ми, леба ми, на зијан ти го давам. Жими татко; брат; мајка; сестра. Жими младост, не су го задевал тоа девојче, не го ни знам, бе. Жими чесен крст не сум го опцул, тате бе. Жити Господ, жити Богородица, жити причесната. Жити Господ, жити леб, жити мајка и татка, жити браќа. Жити мене, да ти умрам до утре, жити мајка ти. Жити се што ти е најмило, што ти врви преку праго и што ти дал Господ. Жими Господ, жими Ристос, жими Богоројца, жими Св. Климент, жими Св. Јоан, жими вера и сл. Жими глаата, жими очите, или: жими двеве очи што ме водат, или: Да ослепам, жими душа и сл. Жими синоите. (Или: Жими децата, жими таткоа душа и мајчина и сл.) Жими татка, жими мајка. Жими брата. (Или: Жими братја.) Жими леб. (Или: Леба ми.) Земја да не ме прими ако те лажам. (Женска клетва). За Бок, за душа, ќе поможеш и ти на оваја работа, тутиќи еден манастир ќе градиме. Земјата да ме исфрли, ако те лажам. Кога ќе ми даде мене Госпот, тогај и ја тебе ќе ти дадам. Леба ми, не сум го зел. Мајката да му е жена, кој те лаже. (Најсилна заклетва). Мене десет прсти, тебе десет синџири. На душа да ме имаш. (На издајник или на некој човек што му ја зема некому храната со нечесни средства.) На душа не го зимај. (Т.е. да не сведочиш лажно.) На младос да не се нарадуам, ако не дојдам вечер. На тилот да ми се искриви, ако ти се накривам уштеден пат. (Особено меѓу вљубени кога момата на шега ќе се насмее нешто, а момчето тоа го зема за сериозно.) Очите да ми оќоравејат, уште днаш ако ти наѕрам. Отроф да ми се стори, ако сум каснал. Очите да не ми се затворат на смртен час. Раката да ми се исуши, уште днаш ако ти пофанам. Срце да ме јаде, ако сум јал. Тако ти најмилото. Тако ти најмилото да ми кажеш право. (На човек што ветил дека ќе биде посредник за нашто). Тако ми двете очи што ме водат, ја го видох. Тако ми жива Богородица, не знам. Тако ми Исус Христос, не бех ја таму. Тако ми крст ќе му речам. Тако ми леп, по ручок ќе ти ги платам, дај ми шес пари алва. Тако ми младос, те излагале, ја не го ни знам, оти је твоје дете, а не па да сум му рекол нешто. (На таткото кој приговара некому дека му направил неправда на сина му.) Тако ми очите што ме водат. Тако ми Света Богородица, не сум ја видела. Тако ми таја причесна. (Вака се заколнуваат за време на јадење, кога пијат вино и кога на некого покажуват со рака. Истура неколку капки на земјата, или голта една голтка.) Тако ми тој леп, очите да ми ѓи фане тој бериќет, ако те лажам. (Притоа се зема лебот, се бакнува, се доближува до очите и пак се остава на софрата.) Тако ми тој нур Божи. (Се покажува со рака на оганот.) Утрешен да не го дочекам , ако те лажам. Устата да ми се исуши, ушт еден пат, ако ти проговорам, лели си се докачил (разлутил). Цела замја да лежам (Т.е. ако не го исполнам ветувањето). Чесен крст да ме посече, ако кажам ја. (Т.е. ќе држам тајна). (Подготви Марко Китевски)  

Остани поврзан