• четврток, 26 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
25 август 2020 (МИА) Македонски народни клетви  Ај да би волците го изеле на некоја раскрсница. Ај да би пците го изеле. Ај да се невиди. Ај да се невидит, кај да ватит. (Машка клетва) Аир да не видиш никој пат. (Или: Аир не видел.) Арам нека му (ти) е лебот што го јадет (јадиш). Анатема те. Ајар да не видиш! Ата да те најди! Афрато да ти се сторит! Ајр да не видиш! Акнал та пукнал! Аир да немаш! Аир и бериќет да не видиш! Аирлија да не е! Арам да ти е лебот! Аранѓел да ти не помоит! Анѓеле, Аранѓел ќе те заколит! Аро, аросано! Арото те јало, та т’изело! Арно да не видиш! Арам да ти бидит младоста! А? – Да акниш, та да пукниш. Или: А? – Акнал та пукнал. Арнаути да го закарат. Ал да го алоса, од некоја страна. Ал да го стретне та да го алоса. Аро го по главата било. Ало му на шијата да стое. Аламани да го карат. Арамии куќата да му прокопат. Арам да му е младоста, што ја има. Алос да до алоса. Алосник да стане. Арам и катран да му стане. Арам да јаде та да се најаде. арам додека е жив да јаде. Аралампија да го накаже. Ангарија да работе до века. Ајдамак да стане. Ак’л да нема у главата. Антерија на грбо да нема. Аѓупци капата да му носат. Аро да го затре, та да не помисле. Аир да не виде ни од чедо, ни од стока. Аѓупци капата да му украдат. Арам и катран да му се јучине. Аспра да не заврже у себе си. Аргатин да биде, та ништо да не спечале. Ајдук да биде, та на ортома да го видам. Бело Море и Црно да обидиш, па аир и бериќет да не видиш! (Мајчина клетва) Бујцата и чумата да го удрит, та да го откопачит. Бел ден не видел. Бутур т’изел да те изејт! (Или: Бутур те фркнал.) Бог да те убие1 (Или: Бог те убил!) Болест да те јаде. Благословил те ѓаволо. Бел ден не видел! Бесот те (го) фатил. Бразда главата, сеќира ноѕете! Бутур те (го) фатил! Бабо! – Бапка те набабарила! Бел ден да не видиш! Болес да т’истребит! Бољка те изела! Бог да т’убијет! Бутур да те фркнит! Бестрага да фатиш! Блажот те фркнал! Бездшник да стане. Бујцата да го фане, та косата да му окапе. Брекнал та пукнал. (На тој што вели: Бре!) Бекнал та бек го утепал. Босилок да му занесат. Брат, брат, брадва главата да му пресече. Бутураќо да го фане. Буниште да го затрупа. Буката куќа да му биде. Бадни вечер да нема. Бел свет да не виде. Бодеш да го акне. Бог да се откаже од него, а не друг. Без поп да го закопаат. Бог да му се расрде, а не јас. Богат е да го бодне рогатио. Богу душа да не предаде, а на ѓаволо. Бапки да му излезат на очите. Бега, од кожата да си избега. Бос да гу видам по сукаците. Божик да не виде. Бивол да го дигне на роговите. Болес да го изеде. Бигор да јаде. Беда да го најде, та да не куртулиса. Болес да го јавне, та никога да не куртулиса. Богородица мајка да го накаже. Бодеж да го акне. Боцки да го бодат по очите му. Букагии да носе. Бутураќо да го фане, та да не го пуште. Борови шишарки да јаде. Викале му четворица ма главата. Вешка те испила. Велигден (или некој друг празник) да го не дочекаш! В орман фатил! Велигден да ти не поможит! Виран името ти кукало. Виран да н’останит од куќата твоја. Ветрот те завеал. Вода те понесла. Волци те изеле! Вошки те изеле! Вујче, вујче, вуци да го јадат. Великден да не заваре. Ветеро газо да му надуа. Вијалица да го сврте. Врага тражи два да најде. Вериги да носи на шијата си. Вода да гази да се удаве. Вошките да го јадат. Вегите да му окапат. Воловар да стане. Врте се, да го сврте ум. Враго да го изеде. Враго да го строше. Вруќа погача да му изгори, варен петел очите да му иск’ца. Воденичарски камен да му висе на шијата. Владика да не виде у куќата си. Вуци да го раскинат. Вода да го однесе. Врага да фане. Волове гробо да му изријат. Вол јазико да му изеде. Воден ѓавол да го нагазе. Ветрушка да го занесе. Вошчена свеќа да му занесам. Гуски и орли да пасит со тапан. (Машка клетва) Господ да ми ти дајт краста и орлои нокти. Господ да ми ти судит! Град да те ст’лчи! Гром и молња да те погоди! Г’з и гла на едно да се собериш (да се соберит). Господ да го суложит. Господ да ти не поможит. Господ те сотрел. Господ да и страмит. Глаата ти паднала. Гушчери да б’лваш! (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан