• среда, 25 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
11 март 2021 (МИА) Народна филозофија – Благослови  Аирлија да ни се муабетите, здравје и живот да ни даде Господ и на нас и на сите браќа. Некој бериќет да истури Господ и некоја слободија, да рече сполај му. Аирлија нека е, лели сте ја направиле аирлија. Аирлија нека е муабетот. Аирлија да е севтето. Аирот да и го видиш на стоката. Ај и за свадба да пазариш (да викаш). Аирлија да ви е радоста. – Амин брате, и на ваша куќа. Аирлија да ти е полазо; од тебе севте, од Госпо бериќет. Аирлија да ти е севтето!- Ајде така нека е, од мене сефте од Госпо бериќет. Аирлија пазар, со пари аз’р. - На шака така се благошава кога да нема пазар. Аирлија и за многу години да ни е коматов. Да ни е здрав и вековит домаќинот. Аирлија да е, до година да му месеме комат! Аирот да му видиш (на коња, на стоката и др.) Ај в година Госпот да ве донесе со цело јагне. – На жена што на манастир однесла петел. Ај Господ нека ми те блаосои, синко и ум и разум да ти даит. Ајде аирлија, да се ќердосаат, сватство и родство да ни е довека. - На свршувачка. Ајде Боже поможи. Да даде Господ со здравје да се кине... Бел да и е Векот на Нешка и тој на нејзината друшка... Да биде Бела и црвена Нешка... да си го ќердоса златниот венец што ќе го носи како невеста. Аирлија да ви е радоста, еднуш за век, да се ќердосаат, пак на помали да си исчекате. - На свршувачка. Аирлија да ни е идењево, за век да ни е, за добро идење. - На свршувачка. Ајде аирлија да ви е, ја на многу места сваќа сум месила, да видиме мене кој ќе ми месит. – Аир да имаш и ти да си исчекаш. - Благослови на свадба при месењето на сваќата - обреден леб. Ајде и на ваши глави. - На свадба. Ајде и на твоја глава, синко. - На свадба. Аирлија да ни је, да ни се вечни младоженците. - Благослов при пристигнувањето на сватовите во куќата на невестата. Ајде да е аирлија! - вели продавачот кога ќе направи сефте, кога ќе ги земе парите од првиот купувач, при што ги пушта на земја. Ајде за многу години, кај што помина чесен крст да е чесно бериќетно, кај се крмит да се плодит, кај се орат да се родит, по полето вино, жито, по планина мед и млеко. Господ да не чува од лошо, да се ранат сиромаси, сиромаси, сирачиња, и в година д’ивчекаме. - Благослов на кумот на Водици. Ајде да е живот и здравје. - Велат кога нешто за прв пат јадат, особено некаков плод, Ај како е Госпо не е никој. - Кога му се плачи еден на другио, правиот гајрет му дава. Ај да си ми блаосоен. - Овој блаосолов се дава и од поп и од мирјанин, кога му се прогори на попо некој убав збор, али да му се направи некоја шака, тогај тој ќе му речи: - Ај да си ми блаосоен, бре чоече, што ме насмеа. Другио блаослов се дава од попо кога ќе му рече мирјанино: - Блаосој не, оче! - Да си ми блаосоен, рисјанине! Ај да ве однесе Господ на поголем град. - На лица што се враќаат од прошетка до некој близок град. Ајде и на голема радос да исчекаме. - Во свршуачката кога да го свршат некое момче али мома, и ќе се врзат подолго време за свадбата, тогаш така ќе се блаошава. - Ајде така да речи Госпо, да исчекаме и на ваши куќи! Ајде и на наши куќи да ни даи Госпо ваква радос, али и на ваши куќи! Ајми со здравје, Господ да те чува. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан