• среда, 25 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
23 јули 2021 Од минатото на Велес  Еден втор музичар којшто исто така треба да се спомене е Кочо Апостолов Матров – Чаушот којшто оставил, исто така длабоки белези во своето делување на музички план. И он исто така бил многострук у своето делување. Кај него првите подуки во музиката ги добиле Живко Фирфов, Стефан Гајдов, Кирил Спировски и други, така да може да стане збор за едно педагошко делување во нашиов град. Исто така неговото делување како музичар било во стварање на еден дувачки или блех орклестар, како го викаме, кој околу времето на Уриетот тоа е илјадо деветсто и осма година, одиграл голема улога во градот, а со своите концерти, коишто ги имало многу и во долги години постоел тој ансамбл, го прославил името на нашиот град и се разбира, и своето име како диригент. Тој, ансамбл, тој блех оркрестар настапуел и во Велес и у Скопје, во Солун, во Цариград дури бил и по кажуење на неговите фнуци, за успешното гостување во Цариград добил диригентот еден златник којшто сеуште се чува во куќата на неговите фнуци. Од тоа што го оставил како нотен материјал, може да се закључи дека добро ги познавал проблемите на дувачките оркестри. Од неговото делување коо педагог исто така е важно дека неговата ќерка Лидија Матова, мажена коо Алчева, је једна од оснивачите на нашето Музичко училиште, а неговите фнуци исто така учеа во Основното музичко училиште и го завршија. Помалиот брат пак од него, којшто имал син по име Тошко, исто така тргнал по чекорите на својот чичко и својата кариера ја продолжил коо виолинист во Софиската опера, меѓутоа во покасните години бил концерт-мајстор и во многу оперски куќи во Ѓерманија.(Предраг Петров, 1937). Мене ми раскажувал татко ми и мајка ми за времето кога у Велес владеело колерата. Многу луѓе умирале, поснопица било. Поп, еден поп у градот, не можел да престаса да ги закопа по тој обичај шо требе да се направи тој обред да се направи црковен. И вика: „Само гледаш ќе ѕирнеш од портата...“, тогај затворени портите, да ѕирнеш... „само се носат, вика, само се носат, само се носат!“ Многу луѓе изумреле, вика: „Во црквата немало време да се закопат, само ги турале во една јама, колку шо ќе собере, друга јама се копа рачно и тогаш, у друга јама се копа, ги стават... “Многу велешани умреле. У тоа време се разболува на моот татко брат, значи мој чичко се разболел од колера. Дошол до таа степен веќе дека не може, не може и да зборува, шепоти коа зборува и жалат дека ќе умре и он. Вика, желба некоа имал. Го слушаат, увото го стаиле на устата негоа, да чуат шо желба има. И он рекол: „Сакам пиво!“ „Е, како ќе му дадеме пиво, човеков је толку ногу болен, пиво да му дадеме?“ Татко ми им рекол: „Желбата шом му је, еве при крај је, ќе умре и он, шом му је желбата, да му дадеме пиво!“ Донеле едно пиво, сето го испил, наеднаш. Уште барал пиво. Уште едно пиво, сето го испил, наеднаш. Уште барал пиво. Уште едно пиво и туку по едно време ги отворил очите. Чудат се они: „Како, вика, воа човеков, готов беше, вика, за умирање...?“ – ги отворил очите и само си шепотел нешто, си зборувал... Минало време како една ден, во текот на денот... и побарал да го кренат, му се приодило ... Се прочистил организмот, значи пиел и течност дехидрирал, ништо оти не јадел, се напил течност, се прочистил. „Од тоа вика, брат ми преживеа, за време на колерата, од пивото!“ А другите, вика сите изумреа: комшии, роднини, блиски шо имаше, вика, у градот се живо умре.“ Не можело да се престаса да ги закопаат, не можело да се престаса попот да ги однесе. А која година тоа? Десетта, така нешто, или десетта или деветта или десетта. У тоа време ногу владеела и дифтеријата На мојот татко две деца му умираат за у рок од два дена и едно другарче шо живеело со него у маало три деца за четириесет и осум саата умираат. Вика, бидејќи татко ми бил интелектуалец, ги слушал докторите шо ќе речат, докторот викал: „Се шо ќе се донесе дома да се јаде у врела вода прво да се стави.“ И татко ми вика:? „Ја и лубеница ќе донесев ќе ја ставам прво ќе ја брцнам у врелата вода ќе ја бришам и после ќе ја сечам да се јаде“. Толку пазел на сето тоа. Арно ама, вика: „Деца како деца, меѓу себе си играле можеби или претходно тој вирус веќе го добиле...“ И детето му се разболуе едното, не можат ништо да направат, детето му умира. Вика: „Ни умре во рацете!“ Додека тоа дете ни умира другото дете и другарчето, па до вечерта: Вие двете деца ги закопавме, не оставаат вика, да ги преноќеваш... Додека ги закопавме вика двете деца, другарчето нимно умре. Три деца, вика во четириесет и осум саата од дифтерија...“ Значи, колерата и дифтеријата ногу владеела. (Галаба Петрова, 1926) Од книгата „Така се зборува во Велес“, приредила Снежана Петрова – Џамбазова, Скопје 2007. (Подготви Марко Китевски) ###

Остани поврзан