• вторник, 24 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
19 февруари 2021 (МИА) Традиции Како се славеа слави Е порано славите поинаку се славеа. Ќе ти дојт пола град на слава ама не седеа многу луѓето. Ќе дојдат, ќе поседат и ќе си одат. Столој само неколку ќе ти стасат за да пречекаш појќе луѓе. Тогаш со колачиња, со ракија, вино и ликер. Се купујше ликер и се прајло ликер од вишни. И се служеше во малечки чафчиња, да не мојт никој да сопијанит, а не ко сега од полкило. Добро. Тој начин понапред ко што се славеле слави поарен е, појќе со душа, се идеше за чес на славата, а не за јадење. Какви се прат приеми, какви дочеци, ужаси. Немат селани, граѓани, све е исто. Што се служит, што се спремат, триста чуда. Маргаринон го имат ко посен и од него прат триста чуда. Ние не смејфме да помирисаме маргарин. Порано евентуално рипчиња, ако е посно, ситни салати и друго ништо. И со смокви прајфме. Многу е голема разлика. Ајде со оцкај чаши, ко прстоф и никој не земаше по две чаши, ќе му е страм. Сега е ужас. И ако не может дома ф куќа ако е тесен станот, ф кафана! Дома гајле немат. За Ристоса Некој овчар не знајл ништо ни за Велигден ни за Ристоса. Ни зошто се слави ни ништо. Запрашал некого: „Што е ова што идат олку луѓе в црквава?“ Тие му рекле: „Денеска е Велигден, го распнале Ристоса Евреите.“ „Како го распнале, и зошто?!“ - прашал тој, офчарот. „Ете така, го предал Јуда Скариоцки и Евреите го распнале на крс. Го закојле со шајки на ноѕете и на рацете. Офчарот прашал: „Ами бил женет или не бил?“ Луѓето рекле: „Не бил женет“. „Уф, рекол офчарот. Што им требало да го распињат. Требало да го оженат па да му дајт Госпот дечиња појќе, пак вака за празник, ко ќе дојдат, ко за Велигден, да му побарат сите по нешто да им купит: некое опинчиња, некое скутничиња, каврачиња, фустанчиња и то толку. Готоф е. Распнат Ристос“. Така се сметало порано. Ќе те распнат децата, ко ќе велат старине. Што ќе ти шајки тука, шајки поголеми здравје!. Како прајле крштефка За крштефка, да ти кажа, си е канеле фамилијата и мајката не ојт на крштефка. И одат ф цркфа и до шес недели било крштевањето. Никако после шес недели. Исус Христос е роден на Божиќ, Рождение на Исус и тие не го крстиле, зато после е крстен. Крштевањето било на Јордан, на реката, тогај го крстиле на Водици. И сега ќе дојдат ф црква цела фамилија ќе даат ручек и цела фамилија ќе е држат и името немат ти како сакаш, како ќе си кажет кумот. Кумот! Како ќе си речет кумот така. Е-е дарувале цела фамилија. Кумот носел основни работи за бебето: платно бело, свеќи и во то платно тој не го бришет попон ко ќе го капет и му го дават на кумот во платното. И во платното морат да преспијат детево. Водено, водено. Без разлика. Во платното, голо. Во платното от кумот завиткано и со него морат да преспијет па после... Ручек обавезно дома. Дар на кумот и на другите, на сите. Сите што се присутни. Не само кумот. И кумот што ќе речет име, не ко сега. Како прајле свадби Свадби, пример, порано како прајле? Прво ќе напрат полувенец. Со попој порано прајле полувенец. Така велеа порано, полувенец. На пр. ја зна еее Живко. Не го знајш. Од Осој имаше тој жена. И ко се сврши за ова, мајка ми беше стројник. А негојте ни мајка му ни татко му знаја. И сега от село дојдоа и по дуќаниве праја полувенец, со поп, ќе донесат јадење, ќе менат некој нишани било што дали злато, дали материјал било што. То полувенец се викат, сега велиме није збор, веридба. Ама то полувенец се викало порано. Со поп дури прајле. Се сеќава ја на дуќан кај нас за Жифкота, онај Жифко што му умре жена му. Снае работеше во стоковнана. Та сна му една дебела. На Стеве роднина и беше нешто. Една уба. И ќе напрат полувенец и после веќе ќе прат договори. И сега ќе се договарат за свадбава, сега свекороф ојт кај сфатоф и го прашуват: „Што бараш? За свадбата да донеса месо, ракија?“ И некој кој сакат дозволувал, демек: „Донеси ми.“ А некој не си дозволувал, кој е поеснаф. И ко ќе е прат свадбата. На пример сабота на вечер ќе се соберат, прво ќе го заклучујт зетот. Пак сите околу него со музиката ќе го заклучуваат. Пак ајде по то, после ќе го дотеруваат, сабајлето коњот негов, пак овие со коњи исто така, коњите ќи накитат со веленца убај, со како оние плетенки ќим плетат на опашкине, сака да реча па ќодат по невеста, па девер, кум, како да ти кажа. И сега ко ќе идат со невестата и муштулџија носат. Е тој ко ќе се приближел до куќата, а тој претходно идет порано и го земат муштулокот демек. Е носиме сната. Е свекрвата дома чекат: сито, сукалка, волна, вина, блага-вода. Свекрвата е дочекујат невестата, е оцкриват, на пример, и дават да запредет од волната и опашујт скутина, и дават од манџите, едно лепче да каснет. Од помијарникот кај што се фрлени. Слушаш! И ко ќе е донесат вечерва невестава и сите обичаи и прат сега. Чесна али била. Се собираат сабајле да видат, деверицата, свекрвата, свекорот, сите тије и после топлат ракија. Ако је исправна, ќе го накитат ова многу убо, ракијата. И чашата ќодат кај мајка е, татко е, да им кажат. Ако не е пак нестата пак ќе однесат рушена чаша. Со рушена чаша ќе појдат. Е некој до тамо ојле, до тамо ојле значи, наопаку ќе е качат на магарено и ќе е вратат кај мајка е. Наопаку на магаре и наѕат. Бог да чуват. А понеделникот сабајле е носат невестата на вода. Невестата таму на сите им потурат да се мијат и ди даруват. После е враќаат дома и то е понеделникот, демек крај. И сега се договаарат првичето кога да бидет. Не ко сега одма се враќаат. Првиче е откај дејкава да појдат кај ќерка им на гости. То обично си закажувале, обично по две недели или за празниците како се, и сега, тогај обично сучат питиња, да се засучеле рабоќето. И ќе појдат прво кај ними и после кој сакат од фамилијава ќе и викат: „Дојдете кај нас, дојдете и кај нас!“ И така (Се од зетоф фамилијава.) Ќе и викаат: нејѕините, од девојкава фамилијава. На пример, сега како тебе ко те зедо, е па сега ќе дојдат од кај мајка ти фамилијата на гости, па да и викнеме и ние на гости, па да и викнат и други роднини од маш ти и така. Така завршувала свадбата. Од книгата „Кичевскиот говор“ од Веселинка Лаброска, Скопје 2008. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан