• четврток, 26 декември 2024

Обилните дождови предизвикаа свлечиште во Непал, загинаа најмалку 14 лица, девет се водат за исчезнати

Обилните дождови предизвикаа свлечиште во Непал, загинаа најмалку 14 лица, девет се водат за исчезнати

Катманду, 7 јули 2024 (МИА) - Најмалку 14 лица загинаа во свлечиште и поплави по обилните дождови во Непал во последните 36 часа. Во болница се примени 12 повредени, додека девет лица се водат како исчезнати.

-Клучните автопати во земјата се блокирани, а спасувачите се обидуваат да ги одблокираат патиштата, изјави портпаролот на непалската полиција Дан Бахадур Карки, пренесуваат британските меидуми.

Тој изјави дека на југоисточниот дел на Непал, реката Коши, која речиси секоја година предизвикува смртоносни поплави во источната индиска држава Бихар, достигнува опасни нивоа на вода.

Карки додаде дека населението долж течението на реката Коши е предупредено за можни поплави, како и за пораст на водостојот на реките Нарајани, Рапти и Махакали на западот од земјата.

Во околината на непалската престолнина Катманду се излеаја неколку реки и поплавија патишта и бројни станбени згради.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан