• петок, 27 декември 2024

Обид за атентат врз поранешниот американски претседател, Трамп

Обид за атентат врз поранешниот американски претседател, Трамп

Вашингтон, 14 јули 2024 (МИА) – Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп околу пет минути откако го почна говорот на вчерашниот предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија, се слушнаа неколку истрели, а тој го држеше десното уво кога агентите на Тајната служба се упатија кон бината и го легнаа под бината, штитејќи го со своите тела.

Агентите на Тајната служба го одведоа Трамп на сигурно, а на неговото десно уво беа видливи траги од крв.

Трамп подоцна изјави дека куршум го погодил во горниот дел десното уво

Пукањето врз Трамп ќе се истражува како обид за атентат врз поранешен претседател.

Медиумите објавија различни информации за бројот на жртви и за позицијата од каде е пукано врз поранешниот претседател на САД.

Еј-би-си њуз (ABC News) јави дека најверојатно врз Трамп е пукано со снајер, од висока зграда во близина. Првично беше објавено дека напаѓачот со снајперски оган бил убиен од тим на Тајната служба.

Подоцна, Еј-би-си њуз јави дека напаѓачот истрелал дури осум куршуми од пушка АР 15, од кров на зграда во близина каде што се одржуваше митингот, но оддалечена од 200 до 300 метри (50 стопи).

Британскиот Би-би-си (BBC) објави изјава на очевидец, кој тврди дека видел човек со пушка како се качува на кровот на зградата и оти веднаш ја известил полицијата.

Забележавме како еден човек се качува на кровот на зградата оддалечена од нас околу 50 стопи. Имаше пушка, јасно го видовме него и пушката. Помислив зошто Трамп сè уште зборува, зошто не е тргнат од бината? Следно што слушнав е пет истрели, изјави очевидецот Грег за Би-би-си.

Медиумите објавија различни податоци за бројот на жртвите, иако сите се согласуваат дека напаѓачот е убиен од Тајната служба. Си-ен-ен (CNN) јави дека загинале најмалку две лица кои присуствувале на митингот, а еден е потешко повреден.

Според Асошијетед прес (Associated Press) напаѓачот, кој беше убиен од американската Тајна служба, не би учеснил на митингот.

Исто така медиумите различно јавија за повредата на Трамп. Според тврдеата на поранешниот американски претседател, куршумот го погодил во десното уво, но според известувачите од митингот, куршум погодил стаклена чаша со вода, а Трамп е повреден од искршеното стакло. ми/

https://x.com/Acyn/status/1812249329203286464

 

фото: ЕПА

Остани поврзан