• среда, 25 декември 2024

Обидот за убиство на словачкиот премиер Фицо е преквалификуван во терористички чин

Обидот за убиство на словачкиот премиер Фицо е преквалификуван во терористички чин

Братислава, 4 јули 2024 (МИА) - Обидот за убиство на словачкиот премиер Роберт Фицо е преквалификуван во терористички чин, соопшти денеска словачкиот државен обвинител Марош Жилинка.

„Врз основа на доказите собрани во текот на истрагата, случајот понатаму ќе биде класифициран како особено тешко кривично дело – терористички чин“, рече Жилинка на Фејсбук.

Портпаролката на обвинителот Зузана Дробова изјави дека осомничениот за обидот за убиство на Фицо веќе е информиран за промената на статусот на случајот, пренесува ТАСР.

Писателот Јурај Цинтула го рани Фицо на 15 мај во градот Гандлова, во западна Словачка. Напаѓачот е уапсен и обвинет за обид за убиство од политички причини.

Словачкиот министер за одбрана, Роберт Калињак, изјави претходно оваа недела дека Фицо наскоро ќе се појави во јавноста и постепено ќе почне да ги извршува своите должности.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан