• среда, 04 март 2026

Обезноста во клучните ризик-фактори за предвремена смртност, здружението ОБЕМ почнува со едукативна кампања

Обезноста во клучните ризик-фактори за предвремена смртност, здружението ОБЕМ почнува со едукативна кампања

Скопје, 4 март 2026 (МИА) - Научното здружение за обезност ОБЕМ почнува едукативна кампања со мотото „Круг на поддршка - за тежината да стане полесна“ по повод Светскиот ден на дебелината. 

Здружението укажува дека состојбата со прекумерната тежина и со обезноста во земјата е алармантна и оти се вбројуваме во категоријата земји со високи стапки на предвремена смртност од незаразни болести, каде што обезноста е еден од клучните ризик-фактори.

По настанот, најавено е обраќање на претседателот на здружениео ОБЕМ, Ирфан Ахмети, министерот за здравство, Азир Алиу, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, и на шефот на Канцеларијата на Светската здравствена организација во земјата, Аким Али. бак/лв/

Фото: здружение ОБЕМ

 

 

Остани поврзан