• петок, 27 декември 2024

Обезбедување рурален развој преку подобар пристап до земјиште за жените од Западен Балка

Обезбедување рурален развој преку подобар пристап до  земјиште за жените од Западен Балка
Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) – Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО) и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во соработка со Меѓународната унија на нотари денеска на онлајн конференција  „Родова рамноправност во сопственост и контрола врз земјиште на Западен Балкан: Поглед наназад и поглед нанапред“ ги прикажуваат добрите практики и научените лекции од осумгодишната соработка во регионот на Западен Балкан насочена кон обезбедување  родова рамноправност во сопственоста и контролата врз земјиштето во државите од регионот. -Во 2013 година, родово поделените податоците произведени за секоја држава и територија укажуваат на ниски нивоа на сопственост на жените врз земјиште, на некои места дури само три проценти, а не повеќе од 30 проценти во повеќето случаи. Како резултат на заедничките активности во рамките на регионалниот проект за економско зајакнување на жените во соработка на ФАО, ГИЗ и UINL, сопственоста на жените врз земјиштето е значително зголемена, наведува во соопштение Канцеларијата на ФАО во државава. Северна Македонија постигнала најголем напредок и пораст во однос на стекнувањето имот од страна на жените во регионот на Западен Балкан. Во 2013 година, процентот на регистрации на имот каде жени се сопственици или сосопственици бил 16,63, а во 2019  се зголемил на 27,27 проценти. Здружувајќи ги на едно место носителите на одлуки од повеќе области и земјишни агенции, покрај нотарите и другите партнери, онлајн конференцијата ги прикажува перспективите од терен преку презентации од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово1, Црна Гора и Србија за меѓусебна размена на знаење и учење.свс/лв/

Остани поврзан