• сабота, 05 октомври 2024

Обезбеден пункт за безбедност на сообраќајот на патиштата на Граничен премин Делчево

Обезбеден пункт за безбедност на сообраќајот на патиштата на Граничен премин Делчево

Делчево, 7 август 2024 (МИА) - Во рамки на кампањата „Патуваме безбедно" која се спроведува од страна на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево, денеска во соработка со МВР и Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата на Граничниот премин Делчево беше поставен Пункт за безбедност на сообраќајот на патиштата. 

На пунктот, како што информираа од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, беа поделени материјали и флаери со едукативна содржина „Вози одморен", „Користи заштитен појас", „Не користи мобилен телефон додека возиш", „Носи кацига" и „Алкохолот е лош сопатник - не пиј кога возиш" 

-Целта е овие материјали со совети за време на летниот период да бидат достапни до возачите при влезот во нашата држава и да служат како потсетување за одговорно учество во сообраќајот на патиштата, истакнаа од ОСБСП.

На самиот Граничен премин беше реализирана и едукативно –превентивна активност каде преку непосредни средби со возачите на патнички, но и на тешки товарни возила.

-На истите им беше укажано на ризиците кои постојат доколку не се користат системите за пасивна безбедност вградени во возилото,  но и на ризиците за управување на моторно возило при замор или под дејство на алкохол. На средбата на возачите им беа делени флаери со едукативна содржина, додадоа од Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. 

Овие превентивни активности се насочени кон возилата кои транзитираат преку општина Делчево користејќи го Магистралниот пат А3 и се дел од кампањата „Патуваме безбедно" која се реализира на подрачјето на општина Делчево за време на летниот период кога има зголемување на патувањата за време на летните одмори. вс/бт/


Фото: МИА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан