• среда, 25 декември 2024

Обезбедени финансиски средства за реконструкција на филтер-станицата во Берово

Обезбедени финансиски средства за реконструкција на филтер-станицата во Берово
Берово, 14 септември 2022 (МИА) - Општина Берово обезбеди финансиски средства за реконструкција на филтер станицата во Берово. Филтер станицата за производство на вода за пиење во Берово, е изградена во 1984 година, но техничката опрема е застарена, заради што, како што информираа од Општината, била неопходна нејзина реконструкција.
-Средствата се обезбедени во рамки на проектот на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2020-2022 година. Одлуката за повеќегодишната јавна набавка за Финансирање на активностите за реконструкција на филтер станицата за вода за пиење во Берово е усвоена на  вчерашната  седницата на Влада на Рeпублика Северна Македонија, на предлог на Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, информираа од Општината.
Во рамки на проектот кој се реакизира во согласност со Стратешкиот план на Министерството, како приоритетни цели, се поставени развивање на модерна и современа инсфраструктура.
-Тука станува збор за канализациони системи, за квалитетно собирање и одведување на отпадни води, изградба на системи за прочистување и третман на отпадните води, како и приклучување на сите корисници на комунална инфраструктура – водовод и канализација, додадоа од Општината.
Проектот ќе се реализира во текот на три години (2022, 2023 и 2024 г), за што од Буџетот на МЖСПП преку повеќегодишна јавна набавка ќе се финансираат активностите. вс/сст/

Остани поврзан