• сабота, 27 јули 2024

Обезбедени ранчиња за сите првачиња во Ѓорче Петров

Обезбедени ранчиња за сите првачиња во Ѓорче Петров
Скопје, 1 септември 2022 (МИА) - Општина Ѓорче Петров обезбеди ранчиња за сите 430 првачиња во шесте основни училишта. Градоначалникот Александар Стојкоски ги посети првачињата во ООУ „Мирче Ацев“, а  останатите училишта беа посетени од членовите на Советот во општината. -Драги првачиња, пред вас е еден нов свет во кој ќе запознавате многу нови работи. Желбата за повеќе знаење секогаш да биде ваша најголема цел. Така ќе изразнете во прекрасни млади личности, а вашите родители горди на вас,  рече Стојкоски, кој на вработените во образованието им порача со образование и воспитување да ги изнесат децата на вистинскиот пат. Како што соопшти Општината, Стојкоски истакна дека учебната година стартува успешно. Покрај тековните активности кои навремено беа завршени, отпочна и настава со физичко присуство по цели две години во ООУ „Тихомир Милошевски" и во подрачното ООУ „Димитар Поп Георгиев - Беровски". -Исто така, додаде, од 5 септември целосно е организирана исхраната и топлиот оброк. Воедно, отпочнува и целодневната настава, а училишните дворови беа и хортикултурно уредени пред стартот на 1 септември. Во општината продолжува и трендот на стабилна бројка за првачиња“што се движи од 400 до 450 во последните изминати неколку години, соопшти Општина Ѓорче Петров. хс/са/

Остани поврзан