• петок, 27 декември 2024

Обезбедени пари за санација на мостот кај карбинското село Долни Балван

Обезбедени пари за санација на мостот кај карбинското село Долни Балван

Карбинци, 25 јули 2022 (МИА) - Во Министерството за локална самоуправа денеска е склучен договор за финансирање на проектот за санација на мостот  на реката Брегалница кај село Долни Балван, информираше градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.

-Обезбедивме 5.800.000 денари по програмата за намалување на диспаритетите, а остатокот од парите со кофинансирање од Општина Карбинци. Веднаш започнуваме со тендерската постапка за избор на изведувач и некаде на почетокот на месец септември со започнување на санација. Крајниот рок за завршување е средината на декември, посочи Паунов.

Мостот од 15 декември лани е целосно затворен за сообраќај, откако на 13 декември водата од река Брегалница ги поткопа столбовите. Тогаш, по направениот увид се констатираше дека мостот е небезбеден за минување на пешаци и возила. Инаку, мостот ги поврзува жителите на Општина Карбинци со регионалниот пат Штип-Кочани.вдј/бт/

Остани поврзан