Обединети за Македонија ги повикува граѓаните активно да учествуваат во пописот
- Без разлика на етничката припадност сите ние сме граѓани на оваа држава. Обединети за Македонија верува и цврсто тврди дека македонскиот народ е одговорен и дека активно ќе учествува во проц
Скопје, 9 септември 2021
Обединети за Македонија ги повикува македонските граѓани активно да учествуваат во пописот.
Почитувани граѓани,
Без разлика на етничката припадност сите ние сме граѓани на оваа држава. Обединети за Македонија верува и цврсто тврди дека македонскиот народ е одговорен и дека активно ќе учествува во процесот на попишување, ние неизмерно веруваме во Вас.
Во изминатиот период бевме сведоци на низа деструктивни, антидржавни елементи, лажни вести поврзани со пописот кои се ширеа низ социјалните медиуми и чија единствена цел беше да ги збунат граѓаните.
Многумина се обидоа да ја искористат и злоупотребат ситуацијата со Корона вирусот и да ги убедат граѓаните дека со реализација на пописот ќе се прошири и пандемијата.
Почитувани наши граѓани, цврсто ве уверуваме дека со почитувањето и следењето на мерките за заштита и превенција од Корона вирусот Вие и Вашето семејство ќе бидете безбедни и здрави!
Пописот е процес кој секоја демократска држава треба да го спроведе со цел да има транспаренти, релевантни, точни податоци.
Сите мечтаеме за подобра, просперитетна иднина, податоците кои ќе произлезат од пописот се неопходни токму за создавање на подобра сегашност и креирање услови за уште подобра иднина.
Пописот е наша, заедничка одговорност!
Со податоците добиени од пописот ќе се спроведат квалитетни економски и социјални развојни политики како и одредени научни истражувања.
Пописот ќе овозможи понатамошен развој на Република Северна Македонија во секој сегмент!
Затоа не дозволувајте да бидете марионети во рацете на манипулаторите и лажните патриоти!
Вистинските патриоти се попишуваат!
Политичка партија Обединети за Македонија
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки