Притвор за 17-годишник за трговија со дрога
- На едно малолетно лице од 17 години му е изречена мерка притвор поради тоа што на паркинг простор пред зградата, како и во ѕидот од ходникот во близина на станот каде престојувал држел повеќе помали пакувања наркотична дрога марихуана, чија точна количина е предмет на вештачење, а дрогата била спакувана и подготвена за натамошна неовластена продажба.

Скопје, 28 февруари 2025 (МИА) - На едно малолетно лице од 17 години му е изречена мерка притвор поради тоа што на паркинг простор пред зградата, како и во ѕидот од ходникот во близина на станот каде престојувал држел повеќе помали пакувања марихуана, чија точна количина е предмет на вештачење, а дрогата била спакувана и подготвена за натамошна неовластена продажба.
- Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави Барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор против дете во судир со законот на возраст над 16 години, соопштија од Републичкото јавно обвинителство.
Врз основа на обезбедените докази постои основано сомнение дека малолетникот извршил дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Постапувајќи по предлогот на обвинителството, судијата за деца донел решение со кое му е определена мерка притвор на малолетникот. сст/бак/
Фото: МИА архива