Обвинителство Белград: Татко на настрадана жена поднесе кривична пријава - смета дека падот на настрешницата во Нови Сад бил терористички чин
- Како што соопшти ВЈО во Белград, оштетениот поднел кривична пријава против неидентификувано лице за сторено кривично дело „тероризам“, бидејќи смета дека падот на бетонската настрешница на 01.11.2024 година на железничката станица во Нови Сад е чин на тероризам.

Белград, 15 април 2025 (МИА) - Татко на загината жена при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември лани, денеска поднел кривична пријата против непознато лице за сторено кривично дело „тероризам“.
По тој повод, како што соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград, оштетениот поднел кривична пријава против неидентификувано лице за сторено кривично дело „тероризам“, бидејќи смета дека падот на бетонската настрешница на 01.11.2024 година на железничката станица во Нови Сад е чин на тероризам.
Ѓура Раца со кривичната пријава достави и одредени податоци до обвинителството за да ги поткрепи своите тврдења, по што Вишото јавно обвинителство во Белград оформи предмет. зш/