• среда, 13 ноември 2024

Обвинителството изврши измена на обвинението во „Талир“, застаре едно од делата на Миле Јанакиески

Обвинителството изврши измена на обвинението во „Талир“, застаре едно од делата на Миле Јанакиески

Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) – Обвинителката Ленче Ристоска, на денешното рочиште за случајот за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, „Талир“, во Основен кривичен суд Скопје, изврши измена на обвинението поради измените во Кривичниот законик, со која што застарува делото „злоупотреба на службена положба и овластување“ на Миле Јанакиески.

Како што информираше судијата Осман Шабани, судот ќе се произнесе за застареност за кривичното дело за обвинетиот Миле Јанакиески на следното рочиште закажано за 11 ноември, а потоа ќе продолжи со главната расправа согласно одредбите на Законот за кривичната постапка.

Во овој случај Јанакиески се товари и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Обвинението за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ го товари и поранешниот партиски лидер и премиер Никола Груевски, кој е во бегство, за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. За истите две кривични дела е осомничен и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

-  Согласно измените на Кривичниот законик, за Никола Груевски и Кирил Божиновски за точка 1 од обвинението, постапката предлагаме да продолжи да се води за кривичното дело по член 353 став 5 во врска со став 4 во врска со став 1 од КЗ, рече обвинителката.

Во истиот процес Илија Димовски и Леко Ристоски се обвинети за „перење пари и други приноси“, а за ова дело беше обвинета и Елизабета Чингаровска, која призна вина.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ, како правно лице, исто така е обвинета за „перење пари и други приноси“. ар/аа/

Фото:

Остани поврзан