• среда, 25 декември 2024

Обвинителството во Гватемала ги прогласи за неважечки претседателските избори на кои победи Аревало

Обвинителството во Гватемала ги прогласи за неважечки претседателските избори на кои победи Аревало

Гватемала, 9 декември 2023 (МИА) - Јавното обвинителство на Гватемала вчера соопшти дека смета оти претседателските избори на кои победи новоизбраниот претседател Бенардо Аревало во август се неважечки поради наводни нерегуларности во првиот круг.

Обвинителот Леонор Моралес на прес-конференција рече дека истрагата покажала дека има „неправилности во подготовката на конечниот протокол за пребројување на гласовите“ и дека како резултат „изборите за претседател, потпретседател и заменици... се неважечки со закон“. Сепак, Врховниот изборен суд ја потврди валидноста на изборите и пресуди дека Аревало може да ја преземе функцијата според закажаното на 14 јануари.

За возврат, Организацијата на американски држави (ОАС) го осуди „обидот за државен удар“ откако обвинителството од Гватемала ги прогласи за неважечки претседателските избори на кои победи Бенардо Аревало поради наводни нерегуларности.

-Постапките и изјавите на обвинителите Рафаел Куручиче и Леонор Моралес претставуваат напад врз уставниот поредок на земјата, кршење на владеењето на правото и кршење на човековите права на граѓаните, се вели во соопштението на генералниот секретаријат на организацијата со седиште во Вашингтон која има 35 земји-членки. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан