• петок, 27 декември 2024

Обвинителството бара притвор за Камчев

Обвинителството бара притвор за Камчев
Скопје, 14 март 2021 (МИА) - Обвинителката Вилма Рускоска за МИА потврди дека за бизнсименот Орце Камчев ќе биде побаран притвор. Камчев е приведен изутринава во Полициската станица Карпош, потврдија за МИА извори од Министерството за внатрешни работи. Тој по приведувањето е упатен во Кривичниот суд во Скопје, каде е на распит пред судија по претходна постапка. Според објавите на дел од медиумите Камчев се подготувал за бегство, а информацијата за ваквиот обид до обвинителството ја доставиле Агенцијата за национална безбедност. Орце Камчев е еден од осомничените во случајот „Империја“, но и во случајот „Плацеви на Водно“ за кој Рускоска информираше дека истрагата е при крај. Во „Плацеви за Водно“ првоосомничен е поранешниот премиер Никола Груевски, за кого истрагата покажала дека со пари на партијата си купил плацеви во вредност од 1,3 милиони евра. ац/бк/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан