• среда, 27 ноември 2024

Обвинителските службеници бараат повисоки плати, додатоци на плата и можност за напредување во службата

Обвинителските службеници бараат повисоки плати, додатоци на плата и можност за напредување во службата
Штип, 1 април 2021 (МИА) - Службениците од јавните обвинителства на денешната прес-конференција во Штип ги испорачаа барањата до ресорното Министерство и до Владата. Бараат повисоки плати, додатоци на плата и можност за унапредување во службата. Претседателката на синдикалната организација за обвинителски службеници при УПОЗ, Изабела Илиева вели дека во моментов еден службеник во обвинителствата работи како за тројца. Посочи  дека со Кривичниот законик пред неколку години истрагите преминаа во обвинителствата со што, како што рече, добиле нови задолженија, а помалку права. Според синдикалните претставници, им недостигаат записничари, стручни соработници и возачи. Илиева изјави дека не ги интересира во кое Министерство е проблемот бидејќи според нив е срамота како записничири од втора категорија да работат луѓе кои имаат и сертификати за доверливост и работат со пин мерки, а платата да им биде блиску до минималната. - Бараме постојана промена на Законот за јавно обвинителска служба, меѓутоа тој Закон не се променува, исто не знаеме од кои причини, ни беше ветено од министерот за правда, Маричиќ дека ќе се почне со промена, се уште не сме повикани, а недозволиво е да не бидеме повикани, кога се работи за наш Закон, рече Илиева. Таа додава дека во обвинителства има возрасни службеници, кои во пензија одат  на работни позиции помлади референти. -Нема интерни огласи, на нашите места доаѓаат луѓе, како што беа од ЈП „Македонски шуми“ и ги заземаат повисоките работни места, а нам не ни е дозволено и држиме по две до три работни места од многу повисок ранг и тие работни места не ни се даваат нам, вели Илиева. Побараа Министерството за правда да почне со решавање на нивните барања кои, како што велат, се испорачани. вдј/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан