• среда, 25 декември 2024

Обвинителот на судењето на Хантер Бајден: Никој не е над законот

Обвинителот на судењето на Хантер Бајден: Никој не е над законот

Делавер, 5 јуни 2024 (МИА) - Обвинителите на судењето на Хантер Бајден, обвинет за нелегално поседување оружје, ѝ кажаа на поротата дека синот на американскиот претседател Џо Бајден бил „зависник од дрога кој лажел дека пополнил формулар за купување пиштол“ и рече дека „никој не е над законот“.

Поротниците во федералниот суд во Делавер ги слушнаа воведните изјави од обвинителите и бранителите пред да биде повикан првиот сведок, агент на ФБИ.

Адвокатот на одбраната на поротата и кажа дека доказите ќе покажат дека Бајден свесно не го прекршил законот.

Во своето обраќање до поротата, обвинителот на Министерството за правда, Дерек Хајнс, раскажа што се случило во октомври 2018 година кога Хантер Бајден купил оружје, но на формуларот лажел дека не користел дрога, пишува Гласот на Америка.

-Тоа беше нелегално бидејќи користеше крек и беше зависник. Никој не е над законот, рече Хајнс.

Тој додаде дека Хантер Бајден се обидел да купи дрога само неколку дена откако излажал на формуларот и и рекол на вдовицата на својот брат дека чека дилер.

-Никој не смее да лаже така на федерален формулар. Кога обвинетиот го пополнуваше тој формулар, знаеше дека е зависник, рече Хајнс, додавајќи дека обвинителите не мора да докажуваат дека Хантер користел дрога тој ден.

Синот на Бајден се изјасни дека не е виновен по трите точки од обвинението што го обвинува дека не навел дека бил зависник од нелегални наркотици кога го купил пиштолот и дека нелегално го поседувал оружјето 11 дена.

„Хантер купи мал пиштол. Во него никогаш немало куршуми. Никогаш не го користел. Тој бил фрлен 11 дена подоцна од личност со која се забавувал во тоа време. Само 11 дена подоцна. А за тоа три кривични дела“, изјави адвокатот на Бајден, Абе Лоуел.

Тој посочи дека неговиот клиент не мислел дека има проблем со дрогата кога го купил пиштолот и дека обвинителите мора да докажат дека свесно го прекршил законот. Тој наведе дека прашањето на формуларот е дали Хантер во моментов е зависник, а не дали користел дрога во минатото и додаде дека неговиот клиент нема „намера да измами“. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан