• среда, 13 ноември 2024

Обвинителен предлог против пет лица кои учествувале во тепачка во Струга, меѓу нив и државен правобранител

Обвинителен предлог против пет лица кои учествувале во тепачка во Струга, меѓу нив и државен правобранител

Скопје, 20 јули 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство од Струга поднесе обвинителен предлог против пет лица за кривични дело „учество во тепачка“.

Настанот се случил на 17 август минатата година во луна паркот на улицата „Партизанска“ каде две 16-годишни деца започнале меѓусебна расправија и тепачка по што се вклучиле родителите на децата и други роднини. Тепачката  кулминирала така што едно од децата се здобило со тешки телесни повреди од удари со тупаници – скршеници на вилица, контузии на главата и телото, подливи и посекотини.

Еден од обвинетите, како што информира Јавното обвинителство, во моментот извршува функција државен правобранител за подрачјето на Струга. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан