• недела, 24 ноември 2024

Обвинет 34-годишник за упатување закани преку социјална мрежа кон политичари и функционери

Обвинет 34-годишник за упатување закани преку социјална мрежа кон политичари и функционери
Скопје, 14 април 2020 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Како што соопшти денеска Обвинителството, обвинетиот 34-годишник од 29 до 31 март, искористувајќи исти прилики и други слични околности, преку својот профил на една социјална мрежа се заканил дека ќе изврши кривично дело убиство, за кое е пропишана казна затвор од над пет години. Оттаму посочуваат дека тој во повеќе наврати објавувал текстови со заканувачка содржина, а заканите биле упатени кон политичари и владини функционери.​​ бт/скс/

Остани поврзан