• сабота, 23 ноември 2024

Ослободителна пресуда за обвинетите во случајот „Трезор“

Ослободителна пресуда за обвинетите во случајот „Трезор“

Скопје, 22 февруари 2024 (МИА) - Сашо Мијалков, Горан Грујовски и Тони Јакимовски, обвинети во случајот „Трезор“, денеска добија ослободителна пресуда за случајот во врска со злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Поради апсолутна застареност постапката запре постапката против обвинетиот Небојша Стајковиќ. 

Според судијката Имране Селмани, која денеска ја изрече ослободителната пресуда, обвинетите се ослободуваат од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сознание дека го сториле делото за кое се обвинуваат.

На денешното рочиште судијката образложи дека во повторената постапка Обвинителството извршило измена на обвинителниот акт со кои обвинетите се гонат за злоупотребата на службената положба и овластување, но по друг став, наместо искористување на службената положба, сега се гонат сега за пречекорување на службената положба.

Ова е втора пресуда за случајот откако Апелациониот суд Скопје ги прифати жалбите на обвинетите и во 2022 година ја укина првостепената пресуда која беше донесена во 2021 година. 

Со првичната пресуда, за повеќе ставови од „злоупотреба на службената положба и овластување“ беа осудени поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, кој доби единствена казна затвор во траење од осум години, а поранешниот началник на Петтата управа во Министерството за внатрешни работи, Горан Грујевски, на кој му се судеше во бегство, беше осуден на единствена казна затвор во траење од 15 години. Поранешниот помошник-министер во Министерството за внатрешни работи, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Мијалков, добија затворски казни од по 5 години. 

Процесот го води судијката Имране Селмани, а застапник на обвинението е обвинителот Артан Ајро. ар/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан