• среда, 13 ноември 2024

Обвинетиот агент за недвижности сè уште на слобода, судот чека „комплетирање“ на медицинската документација

Обвинетиот агент за недвижности сè уште на слобода, судот чека „комплетирање“ на медицинската документација
Скопје, 30 септември 2021 (МИА) – Десет дена по рочиштето на кое судот определи мерка притвор за агентот за недвижности во случајот со измамата при купопродажба на станови која ја обелодени МИА, од обвинетиот, кој пред една недела до судот доставил медицинска документација за „оправдано отсуство“, од Кривичен бараат да ја комплетира истата. На прашање на МИА до каде е решението за притвор на обвинетиот, односно зошто сè уште не се преземени конкретни мерки, од Основниот кривичен суд - Скопје, информираат дека чекаат да ја прибави целокупната документација и да ја достави до судот. - Во однос на вашето прашање, а по консултација со надлежниот судија, Ве известуваме дека до обвинетиот е испратено барање да ја прибави целокупната медицинска документација за неговата здравствена состојба и во оригинал да ја достави до судот, а воедно во однос на неговите уплати на дел од штетата која ја побаруваат оштетните како и досегашната медицинска документација од обвинетиот е доставена на произнесување кај надлежниот Јавен обвинител, соопштија за МИА од судот. Обвинетиот, по определената мерка притвор, пред една недела достави медицинска документација дека бил здравствено спречен да дојде на изминатото рочиште, заедно со потврда за уплата на дел од средствата, поради што се одложи процесот за притвор поради неопходноста Јавниот обвинител да се изјасни дали останува на предлогот да има решение за притвор или ќе се согласи на поблаги мерки. Станува збор за обвинетиот во случајот со измамата при купопродажба на станови, кој не се појави на последното рочиште, откако претходно изјави дека до тогаш ќе обесштети дел од сумата, а до крајот на октомври ќе го врати целиот износ од околу 48 илјади евра со кои оштетил 10 граѓани. Од Основниот кривичен суд - Скопје прехтодно информираа дека медицинска документација, заедно со потврдата за уплата, е доставена до надлежниот обвинител кој постапува во предметот и на следното рочиште обвинителот треба да се произнесе дали останува на предлогот да има решение за притвор или ќе се согласи на поблаги мерки. Обвинетиот, 41 годишен скопјанец, се товари за Кривично дело – Измама, бидејќи, според обвинението, тој довел и држел во заблуда десет лица – оштетени, на кои лажно им прикажувал факти дека како агент за недвижности во своја Агенција за недвижности е овластен од име на  сопствениците на станови да ги продава нивните станови на други лица. Обвинетиот ги огласувал становите и ги покажувал за продажба, со што ги навел оштетените да сторат штета на својот имот од поголема вредност. Процесот на договарање за купување на становите траел сѐ до моментот кога купопродажниот договор требало да се однесе на нотар, при што агентот, тогаш, настапувал со разни оправдувања дека не е во можност да се сретне со купувачите, поради боледување, отсуство на сопственикот, и слично, по што купувачите сфатиле дека се работи за измама и веднаш го пријавиле случајот. МИА го обелодени случајот и континуирано бараше одговори од пријавата за „Измама“, која беше доставена до Министерството за внатрешни работи на 23 март 2021, до оформувањето на предмет, лишувањето од слобода на агентот, како и постапката која ја поведе Обвинителството и определените мерки за претпазливост, па сè до Обвинителниот предлог  кој следуваше веднаш по укажувањето од МИА дека оштетените во видео изјава за нашиот медиум ги споделија своите сведоштва. Застапник на обвинението е обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска а случајот го води судијата Александра Ристеска. ар/ац/  

Остани поврзан