• сабота, 23 ноември 2024

Обвинение за измама против поранешниот чешки премиер Бабиш

Обвинение за измама против поранешниот чешки премиер Бабиш

Прага, 21 март 2022 (МИА) - Чешките обвинители подигнуваат обвинение за измама против поранешниот премиер Андреј Бабиш по долгогодишна истрага, соопштија официјални лица во Прага во понеделникот.

Бабиш се товари дека добил околу два милиони евра помош од ЕУ за неговите компании за изградба на спа и ресорт во 2008 година. Парите биле наменети за поддршка на мали и средни бизниси, додека Бабиш води голем конгломерат од околу 200 компании во областа на земјоделството, производството на храна и хемикалии. Заедно со Бабиш, обвинет е и поранешен вработен за поттикнување на злоупотреба. Бабиш (67) ги негираше обвиненијата. Тој е основач на популистичката партија АНО, која загуби на минатогодишните парламентарни избори, иако се шпекулира дека Бабиш би можел да се кандидира за претседателската функција кога ќе заврши актуелниот мандат на Милош Земан во март 2023 година. Чешкиот претседател има имунитет од кривично гонење. аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан