• четврток, 26 декември 2024

Обамејанг одговори на гласините дека може да го напушти Арсенал

Обамејанг одговори на гласините дека може да го напушти Арсенал
Лондон, 7 јануари 2019 (МИА) - Капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, цврсто ги негираше гласините дека сака да го напушти клубот. По назначувањето на Микел Артета, се појави информација дека Габонецот е против новиот менаџер, а во Шпанија се шпекулираше дека Реал Мадрид подготвувал понуда за голгетерот - Јас би сакал да одговорам на некои гласини во медиумите. Луѓето сакаат да креираат приказни, наместо да се фокусираат на она што се случува на теренот. Јас сум капитен на Арсенал. Го сакам овој клуб. Јас сум посветен на овој клуб и јас очајно сакам да го вратам на врвот, каде е неговото место. Среќен сум со назначувањето на Артета, рече Обамејанг.

Остани поврзан