• четврток, 26 декември 2024

Обама му честиташе на Трамп: Нашите ставови не секогаш победуваат

Обама му честиташе на Трамп: Нашите ставови не секогаш победуваат

Вашингтон, 7 ноември 2024 (МИА) - Поранешниот американски претседател Барак Обама му ја честиташе победата на Доналд Трамп на претседателските избори.

„Очигледно, ова не е исходот на кој се надевавме, со оглед на длабокото несогласување со републиканците за цела серија прашања“, напиша Обама во изјавата заедно со неговата сопруга Мишел.

„Сепак, да се живее во демократија значи да се прифати дека нашите позиции нема секогаш да победуваат и да бидеме подготвени да прифатиме мирен трансфер на власта“, додаде тој.

„Од нас се бара да подадеме рака дури и на оние со кои длабоко не се согласуваме“

Според него, САД поминале низ многу тешки проблеми во последните години, од пандемијата до инфлацијата.

„Меѓутоа, напредокот бара од нас да подадеме рака со добра волја дури и на луѓето со кои длабоко не се согласуваме. Затоа стигнавме до тука и затоа ќе продолжиме да градиме земја која е поправедна, порамноправна и послободна “, рече Обама.

Во последната фаза од кампањата, Обама силно ја поддржа Камала Харис, па дури и учествуваше на нејзини митинзи, на кои го критикуваше Доналд Трамп.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан