• недела, 24 ноември 2024

Обама: Во судирот меѓу Хамас и Израел на никого рацете не му се чисти

Обама: Во судирот меѓу Хамас и Израел на никого рацете не му се чисти

Вашингтон, 6 ноември 2023 (МИА) - Поранешниот американски претседател Барак Обама ги повика Американците „да ја согледаат целата вистина“ кога се обидуваат да ја разберат војната меѓу Израел и Хамас, додавајќи дека „ничии раце не се чисти“. 

-На никого рацете не му се чисти, рече 44-от американски претседател за време на интервјуто за подкаст што го организираат неговите поранешни соработници во Белата куќа, пишува „Њујорк Пост“. 

Обама кажа дека тоа што го направи Хамас е страшно и дека нема оправдување за тоа, но нагласи дека е точно и дека израелската окупација и тоа што им се случува на Палестинците е неподносливо. 

Според него, единствен начин да се реши кризата е да се прифатат тие навидум контрадикторни идеи. 

-Вистината е дека во моментов умираат луѓе кои немаат никаква врска со тоа што го направи Хамас, рече Обама, обвинувајќи ги социјалните мрежи за продлабочување на јазот меѓу двете завојувани страни. 

Поранешниот американски претседател е запаметен по затегнатите односи со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со кого се судри околу нуклеарниот договор меѓу САД и Иран и проширувањето на израелските населби во областите што Палестинците ги сметаат за нивна територија. 

Обама ги повика Американците „да не подлегнуваат на гневот“, туку, место тоа, да ги слушаат спротивставените гледишта. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан