• петок, 20 март 2026

ОАЕ известува за нови ирански напади со дронови и ракети, сирени во Бахреин

ОАЕ известува за нови ирански напади со дронови и ракети, сирени во Бахреин

Абу Даби, 19 март 2026 (МИА) - Обединетите Арапски Емирати соопштија дека нивната воздупна одбрана пресретнала седум балистички ракети и 15 дронови лансирани од Иран.

Сирени беа огласени и во Бахреин, а Министерството за внатрешни работи ги повика граѓаните да се упатат кон најблиското безбедно место откако сирените беа активирани низ целата земја.

Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека нивните сили пресретнале вкупно 334 балистички ракети, 15 крстосувачки ракети и 1.714 дронови од почетокот на конфликтот.

Според официјалните бројки, во нападите загинале двајца воени лица и шест цивили, додека 158 лица биле повредени. мс/

фото: ЕПА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан