• вторник, 24 декември 2024

ОАЕ „згрозени“ од тоа што Хамас земаат заложници

ОАЕ „згрозени“ од тоа што Хамас земаат заложници

Абу Даби, 8 октомври 2023 (МИА) - Обединетите Арапски Емирати денеска ги осудија нападите на Хамас, оценувајќи ги како „сериозна и тешка ескалација“, пренесува Скај Њуз.

Министерство за надворешни работи на ОАЕ соопшти дека е „згрозено“ од извештаите за земање заложници.

Земјата ги повика двете страни да „деескалираат и да избегнат проширување на грозоморното насилство со трагични последици“.

Меѓународната заедница „не смее да дозволи нихилистичко уништување да надвладее во регионот чиј народ веќе претрпе доволно војна и трауми“, велат од Министерството.

Во соопштението уште се повикува на враќање на преговорите, базирани на „решение за две држави“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан