• недела, 28 јули 2024

ОАЕ воведува корпоративен данок од 2023 година, првпат во историјата на земјата

ОАЕ воведува корпоративен данок од 2023 година, првпат во историјата на земјата

Абу Даби, 1 февруари 2022 (МИА) - Обединетите Арапски Емирати ќе воведат федерален корпоративен данок на доход за првпат во историјата на земјата, соопшти Министерството за финансии.

Данокот на добивка ќе се применува од 1 јуни 2023 година.
„Корпоративната даночна стапка во оваа земја ќе биде 9,0 отсто на добивката над 375.000 дирхами (102.000 американски долари), додека на заработката до тој износ ќе остане нула отсто, за поддршка на малите претпријатија и почетниците на бизниси“, соопшти Министерството за финансии. Министерството истакнува дека „корпоративниот данок во ОАЕ ќе продолжи да биде меѓу најконкурентните во светот“. Поединци чии профити се остварени од вработување, недвижен имот, капитални инвестиции или други лични приходи кои не се поврзани со трговија или бизнис во ОАЕ сè уште нема да подлежат на данок. паг/  

Остани поврзан