• четврток, 26 декември 2024

Н1: Путин го потпиша законот за воведување дигитална рубља

Н1: Путин го потпиша законот за воведување дигитална рубља

Москва, 24 јули 2023 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Законот за воведување на дигитална рубља и создавање на соодветна електронска платформа.

Трансакциите во дигитална форма на руската национална валута ќе може да се вршат со помош на платформи чиј оператор ќе биде Банката на Русија, но нема да може да се користи за штедење и за добивање кредити.

Документот предвидува можност за пренос на правата на дигиталната рубља, исто така, преку тестамент, а таа процедура ќе ја утврди Владата на Русија во договор со Банката на Русија.

Законот, исто така, им забранува на лицата кои не се оператори или корисници на платформи за дигитални валути да ја користат фразата „платформа за дигитална валута“ и изведени зборови и изрази во рекламирањето.

Покрај тоа, на наследниците им се дава можност да добијат дигитални рубљи од сметката на починатиот за да го организираат неговиот погреб, пренесува N1.

Доколку има дигитални рубљи на сметката на оставителот, Централната банка ќе биде обврзана, по налог на нотарот, да му ги достави на наследникот за плаќање на соодветните трошоци. сд/

Остани поврзан